| Outpost24 партнер |
|
|
|
Во рамките на проширувањето на своето портфолио во областа на безбедноста на ИТ системите, АД ЕуроКомпјутер Системс – ЕЦС отпочна соработка со шведската компанија Outpost24, која е еден од водечките провајдери на проактивни решенија за заштита на компјутерските мрежи. Outpost24 е технолошки лидер во областа на проценката и управувањето на ранливоста (Vulnerability Assessment and Management). Нивните решенија се насочени кон континуирана идентификација на безбедносните ризици, со што се овозможува ефективно управување и намалување на изложеноста на ризици. Решенијата на Outpost24 се користат кај повеќе од 1000 корисници, од бројни индустрии и сектори, кои вклучуваат: владини органи и организации, финансиски институции (банки, осигурителни компании), образовни институции, здравствени организации, транспортни компании, правни застапници, производствени индустрии, големо- и малопродажни ланци, медиумски компании и др. Во продолжение ви доставуваме брошура во која се наведени повеќе детали за продуктите и решенијата на Outpost24, како и информација за проект реализиран од страна на Технолошкиот универзитет во Хелсинки, во чии рамки продуктот на Outpost24 OUTSCAN е користен за потребите на студија на нивото на мрежната безбедност на финските компании. Се надеваме дека овие информации ќе го побудат вашиот интерес за Outpost24, како во делот на унапредувањето на мрежната безбедност на вашата институција, така и како идеја за можни проекти за анализа на општото ниво на мрежната безбедност на трети лица. Ви стоиме на располагање за дополнителни информации и појаснувања. Со надеж за успешна соработка, ве поздравуваме. Outpost24 Product Brochure .pdf
University Helsinki PR .pdf
|




