| ECS Day |
|
|
|
По повод 18-годишнината од своето постоење АД ЕуроКомпјутер Системс – ЕЦС, една од најголемите и најискусни компании на македонскиот ИТ пазар,во работна атмосфера заедно со пријателите го прослави својот роденденот.
Актуелните светски трендови во областа на ИКТ и нашето богато долгогодишно искуство, резултираа со нови одредници во нашата стратегија - ИТ едукација (Education), комуникации (Communication) и безбедност (Security) и ново лого
Работниот дел на настанот беше поделен во три дела, во кои повеќе водечки светски компании во областа на ИКТ - партнери на ЕЦС, презентира свои продукти и решениjа. Во делот Комуникациски продукти и решениjа, новини од своите портфолија презентира HP и Extreme Networks. Во вториот дел, DataLab, Avtenta и Intellitactcs ги претставија своите ERP и Log Management решенија и едукативни програми, кои преку ЕЦС се достапни и во нашата држава. Презентациите во последниот дел беа фокусирани кон Безбедноста на IT системите и слушателите имаа можност да се запознаат со програмата на: Lancope, Astaro, Sophos и др.
Овој ексклузивен настан се одржи на 21 октомври 2009, со почеток во 08:30 часот во Бизнис салата на Скопски Саем, ул. Беласица бр.2 Скопје. Им се заблагодаруваме на сите соработници, пријатели и партнери за присуството. Ваш, ЕЦС
|






