| Најнови проекти |
|
|
GAMA Power Systems Inc.
GAMA Power Systems е изведувач на првата гасна централа во Република Македонија за производство на електрична енергија, односно за добивање на еколошки чиста енергија. Целата инвестиција во овој енергетски објект изнесува 160 милини евра и се смета како една од поголемите инвестиции во енергетскиот сектор на Македонија. Универзитет “Гоце Делчев” – Штип
Во рамките на проектот за изградба на нова мрежна структура за потребите на новоформираниот Универзитет “Гоце Делчев” во Штип, во 2008 година, ЕЦС поптпиша договот за испорака и инсталација на пасивна мрежна опрема со која се овозможи поврзување на 14-те факултети и 4-те институти во рамките на Универзитетот. Проектот се состои од испорака, инсталирање и каблирање на пасивната мрежна опрема која се состои од R&M кабли, Lеgrand канали, пропратни приклучоци, елементи и продукти за истата. Проектот е финансиран од страна на Буџет на РМ, и истиот е завршен во јули 2008-ма година. Капитал банка АД Скопје, Република Македонија
Во 2008 година ЕЦС ја започна соработката со Капитал банка, за која ја испорача компјутерско-комуникационата опрема за потребите на core банкарскиот систем. Опремата вклучува сервери (5 х HP ProLiant DL360 Generation 5 сервери), rack со придружна опрема, уреди за непрекинато напојување, 35 десктоп и преносни компјутери, Microsoft лиценци, мрежна опрема (Cisco 2821 и Cisco 1841 router-и) и др. Покрај испораката и инсталацијата, ЕЦС врши и одржување, имајќи ги предвид потребите од висока расположливост на оваа опрема за непреченото функционирање на банката. Прокредит банка АД Скопје, Република Македонија
Во текот на 2008 година и Прокредит банка се вброи во корисниците на ЕЦС, најпрво преку испорака на 1000 Aladdin e-token-и – уреди за цврста автентикација (strong authentication), а потоа и со испорака на серверска (2 х HP ProLiant DL320 сервери) и друга опрема за потребите на филијалите на банката. Агенција за вработување на Република Македонија
Во средината на 2008-ма година ЕЦС беше одбран од страна на Европската агенција за реконструкција за реализација на проектот на Информациониот систем на Агенцијата за вработување на РМ. Проектот опфаќа испорака, инсталација и конфигурација на серверска опрема (12хHP DL360R05 сервери), 2 rack-а со придружна опрема, 2 storage-а HP 2012fc DC Modular Smart Array, 2 HP StorageWorks 4/8 SAN Switch–а, 2 уреда за непрекинато напојување, Cisco ASA 5510, Microsoft Windows Server, SQL, Exchange и ISA, Veritas Backup Exec, Sophos антивирусен софтвер и др. Проектот е завршен на почетокот на 2009-та година. Генерален Секретаријат на Влада на Република Македонија
На текот на 2008 година, ЕЦС потпиша договор за испорака, инсталација и конфигурација на информатичка опрема за потребите на Генералниот Секретаријат на Владата на Република Македонија. Овој проект опфаќа испорака на 60 деcктоп компјутери (HP Compaq dx2400), 45 принтери (вклучувајќи скенери и мултифункциски уреди), 8 сервери (HP DL380G5) и HP Storage (MSA2000), вградени во rack. Вредноста на проектот изнесува 75,000€, и истиот е комплетиран во септември 2008-ма година. Секретаријат за Европски прашања на Република Македонија
Во декември 2008-ма година ЕЦС потпиша договор за испорака, инсталација, конфигурација и поддршка на серверска опрема за ИС за Интегрирано гранично управување. Системот за ИГУ ги опфаќа Националниот координативен центар за гранично управување и 12 државни институции (Министерството за внатрешни работи, Министерството за финансии – Царинска управа, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за здравство, Министерството за транспорт и врски, Министерството за надворешни работи, Министерството за одбрана, Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за локална самоуправа, Дирекцијата за радијациона сигурност, Дирекција за заштита на лични податоци, Дирекција за безбедност на класифицирани информации) кои учествуваат во надзорот над законитоста на влезот и излезот на лица, стоки и превозни средства, спречувањето и откривањето на организираниот криминал, спречувањето на лица и сторители на кривични дела и сите видови на шверц преку граничните премини, контролата и спречувањето на пренесување на материи и заразни болести што ги загрозуваат луѓето и стоките. Опремата за ИГУ опфаќа 33 HP DL380R05 сервери, 13 rack-ови и придружна опрема, 13 UPS-и, HP EVA4400 Dual Controller Array надворешен storage, HP StorageWorks 4/8 SAN Switch, Microsoft лиценци, Veritas софтвер и др. Реализацијата на проектот е завршена во текот на февруари 2009-та година.
|





