UNIVERSITY
ОБРАЗОВАНИЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
АД ЕуроКомпјутер Системс – ЕЦС врз основа на
ORACLE Partnernetwork Education Distribution Agreement
организира оригинални Oracle курсеви во Скопје, на кои Ви нуди:
- предавања од професионални предавачи од Oracle Corporation,
- содржини на курсевите според официјалниот Oracle University каталог,
- официјална Oracle University документација на англиски јазик и
- Oracle University сертификати и/или потврди за посета на Oracle University курсевите.
Согласно наведениот договор, АД ЕуроКомпјутер Системс – ЕЦС е единствената компанија овластена за нудење на образование од портфолиото на Oracle University на територијата на Република Македонија.
Oracle курсевите во организација на АД ЕуроКомпјутер Системс – ЕЦС го обезбедуваат стандардниот Oracle квалитет по исклучително поволни финансиски услови.
Врз основа на искажаните интереси и потреби на слушателите, АД ЕуроКомпјутер Системс – ЕЦС во соработка со предавачите на Oracle, овозможува и одржување на специјално дизајнирани курсеви, кои можат да опфаќаат содржини од два и повеќе стандардни курсеви.
Во периодот 2003 – 2009 година во организација на АД ЕуроКомпјутер Системс – ЕЦС одржани се 44 Oracle University курсеви кои ги посетувале вкупно 414 слушатели.
тренинг центар
АД ЕуроКомпјутер Системс – ЕЦС како единствен овластен Oracle Education Reseller во Македонија ги исполнува строгите услови поставени од страна на Oracle University во поглед на наставниот кадар, техничката опременост и окружување во кое се одвива наставниот процес.
АД ЕуроКомпјутер Системс-ЕЦС повеќе од пет години има ексклузивен партнерски договор за организирање на Oracle курсеви по официјална програма. Курсевите ги водат специјализирани Oracle предавачи од Словенија кои што имаат OCP (Oracle Certified Professional) сертификати.
Предавачите имаат високо стручно и педагошко искуство. Што се однесува до понудата на курсеви тие се организирани во повеќе групи во зависност од тоа дали работите во администрација на бази, развој или имплементација. Постојат и специјализирани Oracle курсеви за готови апликативни пакети. Притоа точно е специфицирано кое ниво на предзнаење е потребно т.е кои курсеви прво треба да ги имате слушано за да можете да продолжите на следното ниво.
Во нашата понуда се сите основни (стандардни) Oracle курсеви, но на барање на корисниците можеме да организираме и специјализирани Oracle курсеви.
Обуките се изведуваат во согласност со стандардите за обука пропишани од страна на Oracle и тоа :
Најмногу 10-12 слушатели по курс
Оригинална програмска опрема, Oracle DB
Оригинална литература на англиски јазик (Oracle University Student Kit)
Сертифицирани, професионални и искусни Oracle предавачи од Словенија,
Обуката се изведува на српски или англиски јазик.
Издавање на меѓународно признати сертификати за успешно завршување на обуката.
Адекватен и пријатен амбиент на одржување на обуката.
Дневен распоред на Oracle обуките
09:00 Почеток на обуката
10:30 - 10:45 Кафе пауза
12:00 - 13:00 Пауза за ручек
16:00 Завршување на обуката
Oracle University Student Kit литература добива секој учесник на првиот ден од обуката, со помош на која се следат предавањата по распоред и содржина. По предавањето на секоја тема, заедно со инструкторот се прават вежби поврзани со предадениот материјал.
Потврда за завршена обука
На крајот на секоја обука, секој од учесниците добива оригинален сертификат за завршена обука.
За да се пријавите на обуката Ве молиме да ја пополните хартиена форма на пријавата и да ја пратите по факс или пак електронската форма да ни ја пратите по e-mail. Ве молиме што порано да ја пратите пријавата, како би ни ја олесниле процедурата за планирање на дополнителни термини за одржување на обуките. Ние ќе ви испратиме писмено известување за почетокот на обуката за која што сте се пријавиле или известување за одложување на обуката доколку дојде до истoтo, најмногу 5 дена пред почетокот на обуката.
По потреба организираме и нестандардни обуки кои сеуште не се во нашето Oracle портфолио. Терминскиот план на обуките го објавуваме најмалку еден месец пред почетокот на обуките, а по потреба и порано.
Доколку сакате да ја откажете пријавата за Oracle обука или да го промените терминот, ве молиме да не известите навремено, најмалку 5 дена пред почетокот на изведување на истата.
Цена за еден ден на стандардна обука од листата на обуки изнесува 185 евра по слушател. Повеќе информации за нестандардните обуки, содржината, траењето на истите, цената и условите за одржувањето , можете да ги добиете ако ни се обратите со конкретни интереси.
За сите нови обуки редовно ќе Ве информираме на оваа страна.

Oracle University и АД ЕуроКомпјутер Системс – ЕЦС, единствен овластен Oracle Education Reseller во Македонија, со задоволство Ве известуваат дека и оваа година продолжуваат со организација на обуки од Oracle University портфолиото во Македонија.
Курсеви што се планирани да се одржат во наредниот период се:
Курсот ќе се одржи со почеток од 29.06.2009 година во Скопје, во траење од 5 дена и краен датум за пријавување 20.06.2009.
Курсот ќе се одржи со почеток од 06.07.2009 година во Скопје, во траење од 5 дена и краен датум за пријавување 01.07.2009.
Предавањата ќе бидат изведувани на српски јазик, од страна на сертифициран Oracle предавач од Oracle Словенија. Учесниците ќе добијат оригинални Oracle материјали за обуката, како и оригинални Oracle сертификати за посетување на курсот.
Цената по курс доколку се пријавите до наведените термини изнесува 925,00 EUR по слушател.