Партнери

Член на:

Посетители

mod_vvisit_counterДенес20731
mod_vvisit_counterСите47975
Референци Печати Е-пошта

 

Поголеми проекти  

АД Македонски Телекомуникации, Република Македонија

telekom

ЕЦС е присутен во АД Македонски Телекомуникации (поранешен ПТТ Македонија) уште од 1991, кога беше испорачан и инсталиран mVAX 3100 со VAX/VMS.

Во 1994, една од првите инсталации на 64-bit-на RISC архитектура (Alpha) во Македонија беше извршена во Македонски Телекомуникации, каде ЕЦС испорача и инсталира 2 DEC3500, DEC3400 и DEC3300 сервери.

Во 1995 ЕЦС ја проектираше, инсталираше конфигурираше и одржуваше првата 2MB LAN/WAN мрежа базирана на DECbrouter 90.

Првите Интернет сервиси во Македонија преку МАКПАК во 1995 година, беа базирани на Alpha Server 1000 со UNIX оперативен систем и повеќе CISCO рутери. Со порастот на бројот на претплатници, растеше и потребата од процесорска моќ, што доведе до испорака и инсталација на кластер составен од 2 UNIX AlphaServer-и 1000.

Во текот на 2001 година, ЕЦС го реализираше проектот за имплементација на систем за структурно каблирање, базиран на продукти на швајцарската фирма Reichle&DeMassari.

Истата година ЕЦС го реализираше TeMIP проектот кој опфаќа дизајн и имплементација на Fault Management решение за 21 Siemens EWSD централа, вклучувајќи:

  • поврзување на 21 централа на Alpha сервер и конфигурација на трансфер на фајлови преку FTAM
  • HP OV TeMIP решение за Alarm Handling во TruCluster околина (два Alpha сервери)
  • HP OV TeMIP ресинхронизација и архивирање на аларми во Oracle DB во TruCluster околина
  • Останати услуги: обука, техничка поддршка и одржување
  • Главен подизведувач на ИТС Телекомуникациски инженеринг

На почетокот на 2006, ЕЦС потпиша договор за испорака на Reichle&DeMassari опрема за каблирање за LAN мрежите од оптички влакна во АД Македонски телекомуникации.
Во текот на 2006-та година, ЕЦС изврши испорака на два HP RISC rx4440 сервери за потребите на надградбата SAP/R3 системот на АД Македонски телекомуникации, и еден HP RISC rx4440 сервер за потребите на системот за билинг. Обата договори вклучуваат 3-годишни договори за хардверска и софтверска поддршка.

Во 2007-ма, извршена е испорака на опрема за системите за Provisioning (HP Itanium rx6600) и засистем за Oracle Real Application Cluster (HP Itanium rx2660 Cluster, Oracle Database Enterprise Edition и Oracle RAC лиценци), со 4-годишен договор за поддршка и одржување.

Кон крајот на 2007-ма испорачана е опрема за замена на Mediation системот и за Disaster Recovery системот (2 x HP Itanium rx7640 сервери), со 4-годишен договор за поддршка и одржување.

 

АД Мобимак (сега T-Mobile), Република Македонија

t-mobile

ЕЦС со својот ангажман помогна во воспоставување на првите услуги во областа на мобилната телефонија во Македонија во 1997 година кога, како дел од тимот со Ericsson и SEMA Group, испорача и инсталира VAX2000 сервер и два AlphaServer 2000, заедно со Storage Works 800, што за тоа време претставуваше револуционерна технолошка концепција на решение за складирање на податоци.

Како проширување на овој систем кон крајот на 1999 година беше инсталиран и cluster од два AlphaServer 4100, кој тогаш беше најголем cluster во земјата.
Во рамките на проектот за Y2K усогласеноста, ЕЦС проектираше и инсталираше ESA10000 (Enterprise Storage Area) – најголем систем за складирање на податоци во земјата.
Во текот на 2000 беше изведен проект за испорака, инсталација и конфигурација на активна мрежна опрема (Gigabit Ethernet switch-еви) од фирмата Marconi, со што се реализираше една од најбрзите комбинирани оптички мрежи во Македонија.

Во 2004 година ЕЦС имплементираше решение за забрзување на Интернет преку мобилен телефон, во соработка со австриската компанија Kapsch CarrierCom AG.

Во тек е испорака и монтажа на опрема за надградба на Alpha GS80 серверите, за потребите на Billing системот на T-Mobile Македонија.

 

Стопанска банка АД Скопје, Република Македонија

stopanska banka

ЕЦС беше партнер на Стопанска Банка во проектот за надградба на мрежната инфраструктура, кој се реализираше во текот на 2002 година. Главната линија е backbone switch-от Cisco Catalyst 6509 и безбедноста на системот, која се обезбедува преку PIX firewall кој работи во failover мод и Intrusion Detection System. Софтверот за менаџмент е CiscoWorks, Cisco VMS и Cisco Secure.

 

Комерцијална банка АД Скопје, Република Македонија

komercijalna

Во 2004 година ЕЦС учествуваше во креирањето на хардверската платформа за потребите на Mastercard системот на Комерцијална банка. Во соработка со производителот на апликативното решение, инженерскиот тим на ЕЦС учествуваше во конфигурирањето, испораката, инсталацијата и одржувањето на хардверската платформа неопходна за реализација на овој сложен проект. Беше испорачан и конфигуриран кластер од два HP сервери од серијата rp4400 со HP-UX оперативен систем, Oracle RAC, HP rp3400 back-up сервер, како и неколку сервери од Intel платформата на HP.

 

Министерство за финансии на Република Македонија – Управа за јавни приходи

ujp

Во 1996 ЕЦС на меѓународен тендер на Светската банка ја доби реализацијата на проектот за компјутеризација на Управата за јавни приходи (УЈП) при Министерството за финансии на РМ. Проектот опфаќаше комплетно решение за Даночен информационен систем во 32 подрачни единици и централата во Скопје, базирано на 21 Digital Alpha сервери со UNIX OS и уште 10 PC сервери, 250 персонални компјутери, LAN и WAN комуникација помеѓу нив и апликативно решение базирано на Informix.
Во 2001, за потребите на инспекциската служба на УЈП беа испорачани 100 преносни компјутери. За потребите на Министерството беа испорачани 410 персонални компјутери, со петгодишен договор за одржување.

 

Државен завод за статистика на Република Македонија

statistika

Во 1999 ЕЦС реализираше проект финансиран од PHARE за техничко опремување на Заводот за статистика со реализација на WAN и LAN мрежа во регионалните единици на Заводот во централата во Скопје. Проектот опфаќаше идејно решение и комплетна изведба на локални мрежи со FTP Cat.5 кабел од домашно производство (Ф-ка за кабли – Неготино), инсталација на активна мрежна опрема за LAN, поврзување на LAN мрежи од сите единици на Заводот во WAN и поврзување на Интернет.

 

Министерство за правда на Република Македонија

pravda

Во втората половина на 2000 година беше реализиран проектот за имплементација на информационен систем во судовите за прекршоци. Проектот беше финансиран од PHARE, и истиот опфаќаше 8 сервери и 100-тина персонални компјутери, Exchange Server, E-mail, Proxy и Firewall software, матрични и ласерски печатари, уреди за непрекинато напојување, комуникациска опрема како и пасивни мрежни компоненти. Софтверскиот дел опфаќа комплетно апликативно решение за судовите за прекршоци.

Во 2001 година, ЕЦС беше избран на тендерот за реализација на интегрирано хардверско решение за потребите на правосудните органи во Република Македонија, во рамките на кој испорача 31 Compaq сервери и 710 Compaq персонални компјутери.

 

Министерство за образование на Република Македонија

obrazovanie

Во 1999 и 2000 ЕЦС испорача и инсталира 500 персонални компјутери, донирани од Техничката Мисија на Република Кина – Тајван, за потребите на образовни институции, од основни училишта до факултети.

 

Schools Оn-line

ЕЦС е особено горд што во 2001 година беше дел од проектот Schools-on-line. Целта на проектот беше воведување на нови технологии во образованието со опремување на Интернет училници во повеќе училишта во Републиката. Овој проект беше финансиран од истоимената организација од САД, под покровителство на покојниот претседател на Републиката, г-динот Трајковски. Дванаесет македонски училишта во Скопје, Битола, Кочани. Прилеп, Ресен, Штип, Струмица и Виница учествуваа во програмата. Проектот беше реализиран во соработка со МТНет, при што ЕЦС ја обезбеди компјутерската опрема, а МТНет Интернет врските преку изнајмени или ISDN линии. Воедно, како дел од овој проект беше остварено и поврзување помеѓу неколку училишта во Македонија и Албанија.

 

Професионална едукација и обука - Косово

Во 2004 година ЕЦС го реализираше проектот за опремување на училишта и центри за обука во Косово, под супервизија на тамошните: Европска агенција за реконструкција, Министерство за образование и наука и Министерство за труд и социјална политика. Проектот опфаќаше инсталација, конфигурација и системска интеграција на сервери, персонални компјутери, софтвер, пасивна и активна мрежна опрема, печатари, факсови, фотокопири, телефони и телефонски централи и други канцелариски уреди.

 

Царинска управа на Република Македонија

carina

Кон крајот на 2002 година од страна на Светска банка на ЕЦС му беше доделен договорот за реализација на Интегриран Царински Информационен Систем – Хардвер и Софтвер, во рамките на проектот за Трговски и Транспортни олеснувања во Југоисточна Европа (TTFSEE). Реализацијата се одвиваше во 2003 и 2004 година.

Решението опфаќа испорака, инсталација и конфигурација на 2 Compaq Alpha сервери ES45 во продукциски кластер, backup сервер ES45, 282 Compaq работни станици, лаптопи и периферија (печатари, скенери и др.). Cluster решението е базирано на Tru64 Unix оперативен систем со Oracle 9i Real Application Cluster база на податоци.

Покрај ова, решението опфаќа и инсталација и имплементација на софтвер за Дигитален потпис (DSS) и софтвер за Електронска размена на податоци (EDI).
Како дел од проектот, ЕЦС ги обезбеди и сите неопходни сервиси/поддршка како: миграција на податоци од постоечката RDMBS кон новата, сите потребни обуки како и друга неопходна поддршка од страна на техничкиот тим на ЕЦС.

 

Царинска управа на Република Албанија

Во текот на 2004 и 2005 година ЕЦС реализираше проект финансиран од Светска Банка за воспоставување на комуникација на царинските испостави во Република Албанија, во рамките на проектот за Трговски и Транспортни Олеснувања во Југоисточна Европа (TTFSEE). Проектот вклучуваше испорака, инсталација и конфигурација на разновидна опрема, како терестријална и сателитска комуникациска опрема, Intel базирани компјутери, системски софтвер и др. од различни испорачатели (Cisco, Proxim, Plenexis, CheckPoint, Entrust, McAfee и др.)

 

Царинска управа на Република Молдавија

Во 2005 година ЕЦС беше ангажиран како подизведувач на HP International за проектот за компјутеризација на Царинската управа на Молдавија, реализиран како дел од проектот за Трговски и Транспортни Олеснувања во Југоисточна Европа (TTFSEE), финансиран од Светска банка. ЕЦС ја реализираше испораката на Oracle лиценци и организираше Oracle обука.

 

Министерство за внатрешни работи на Република Македонија

mvr

На почетокот на 2005 година, ЕЦС потпиша договор со Европската Агенција за Реконструкција за реализација на проектот за испорака, инсталација и конфигурација на телекомуникациска опрема за поврзување на граничните премини на територијата на Република Македонија со централните локации на Граничната Полиција. Решението базира на опрема од Cisco, HP, Marconi, Nera и др. Проектот се реализираше во текот на 2005 година.

 

Министерство за животна средина и просторно планирање на Косово

Кон крајот на 2005-та и почетокот на 2006-та година ЕЦС реализираше проект за потребите на Министерството за животна средина и просторно планирање на Косово, финансиран преку Европската Агенција за Реконструкција, за Систем за управување со податоци за животната средина (Environmental Data Management System-EDMS) базиран на  Информационен систем за животна средина поврзан со Географски информационен систем. Проектот опфаќа имплементација и интеграција во постојната околина на софтверски алатки (MapInfo, MS SQL и .NET) и обука за користење.

 

Министерство за финансии на Република Македонија - Дирекција за спречување на перење пари

perenje pari

На почетокот на 2006-та ЕЦС потпиша договор со Европската Агенција за реконструкција за испорака на комплетно решение за потребите на Дирекцијата за спречување на перење пари. ЕЦС е во улога на систем интегратор за повеќе различни хардверски, комуникациски и софтверски испорачатели, ја обезбеди инсталацијата на хардверот, комуникациската опрема, базата на податоци, аналитичките и истражните алатки, системот за управување со документи, системската безбедност, размената на податоци со банки и други надворешни институции и др. Со проектот се овозможи зајакнување на капацитетите, како и автоматизација на интерните процеси на Управата за спречување на перење пари и финансирање тероризам. Имплеметираната информатичка технологија се состои од: апликација за управување со случаи (Case Management System), апликација за управување со документи и деловни процеси (Xerox Docushare), безбедност на системот базиранa на технологија на компаниите Cisco, CheckPoint, Entrust, Aladdin, инфраструктира базирана на HP, Cisco, Microsoft, Oracle Database и Oracle Application Server, како и аналитички апликации (i2, Oracle Business Intelligence и SPSS). Проектот е финализиран во октомври 2007-ма година.

 

Министерство за локална самоуправа на Република Македонија

lokalna samouprava

Во 2006-та година ЕЦС беше избран од Европската Агенција за реконструкција за реализација на проектот за Централната база на податоци за општински урбанистички планови. Решението опфаќа проектирање, развој, имплементација и обука за користење на web-базирана апликација и придружни софтверски пакети (Mapinfo, Oracle).

 

Канцеларија на судската администрација на Косово

Во втората половина на 2006-та година ЕЦС, заедно со уште две компании, отпочна со реализација на проект, финансиран со средства од Европската унија, за техничка поддршка на Канцеларијата на судската администрација на Косово. Проектот опфаќа поддршка на Канцеларијата во процесот на автоматизацијата на работењето на 5 обласни, 25 општински, 25 прекршочни судови и обвинителни канцеларии, развој и имплементација на апликативно решение за поддршка на работењето на судовите, обука на ИТ администратори и крајни корисници, надградба на Косовскиот правен лексикон и сл. Проектот е завршен на крајот на 2007-ма година.

 

Државен завод за геодетски работи


Во 2007-ма, ЕЦС беше одбран за испорака на хардвер, софтвер и иницијално омрежување за потребите на Проектот за катастар и регистрација на имоти, лот 2: опрема за мрежно поврзување (Cisco Central Routing Switch, Desktop switch-еви, VPN и Security Appliance – firewall, Софтвер за управување со мрежата), уреди за непрекинато напојување, комплетна инсталација на мрежната опрема во кабинети и rack-ови, со основно конфигурирање, функционално тестирање и иницијално пуштање во употреба на опремата. Проектот е финансиран од Светска банка.   

 

Факултет за администрација и менаџмент на информациони системи – Битола, Република Македонија


Кон крајот на 2007-ма година ЕЦС потпиша договор за испорака, инсталација и пуштање во употреба на информатичка, електронска и видео опрема за потребите на новоформираниот Факултет за администрација и менаџмент на информациони системи во Битола. Овој проект опфаќа испорака на 3 HP DL380 G5 сервери, преку 130 HP персонални компјутери, 34 принтери, мрежна опрема, 15 Epson проектори со платна, 27 HP преносни компјутери, телефонска централа, аудио опрема, систем за контрола на паркингот и друга опрема. Проектот е завршен во јуни 2008-ма година.
  

 

Собрание на Република Македонија

Во рамките на проектот за надградба на постоечката мрежна инфраструктура на Собранието на Република Македонија и реконструкција на одредени нејзини застарени делови, во декември 2007-ма година ЕЦС беше избран на јавен тендер за извршување на испорака, инсталација и пуштање во употреба на активна (Cisco рутери, switch-еви, ASA) и пасивна (R&M) мрежна опрема. Проектот е финансиран од Буџетот на РМ, а завршен е во првото тримесечие од 2008-ма година.
  

 CableTel, Република Македонија

За потребите на изградба на backbone/дистрибутивна мрежа преку која се обезбедуваат услуги на кабловска телевизија на еден од најголемите кабловски оператори во државата, CableTel-Macedonia, кон крајот на 2007-ма и на почетокот на 2008-ма ЕЦС склучи договор за испорака, инсталација и пуштање во употреба на Cisco опрема (switch-еви и UBR-и). Првата фаза на проектот е завршена во почетокот на 2008-ма година. Додека пак следните фази се реализираа во текот на 2008-ма година.

GAMA Power Systems Inc.

GAMA Power Systems е изведувач на првата гасна централа во Република Македонија за производство на електрична енергија, односно за добивање на еколошки чиста енергија. Целата инвестиција во овој енергетски објект изнесува 160 милини евра и се смета како една од поголемите инвестиции во енергетскиот сектор на Македонија.
На почетокот на 2008-ма ЕЦС склучи договор за испорака, инсталација и конфигурација на информатичка опрема за потребите на GAMA Power Systems Inc со цел ИТ оспособување и операционализирање на изведувачот на гасната централа. Во текот на 2008 година во рамките на проектот беа испорачани: HP сервер, четириесет HP персонални компјутери и периферија, два Xerox фотокопир апарати, Xerox принтер плотер, мрежна Planet активна опрема, структурно каблирање на пасивна мрежна опрема, Alcatel телефонска централа со 70 локали и контрола на пристап, опрема за набљудување, како и оперативен и системски софтвер, Microsoft Windows и анти-вирусни решенија Antivirus NOD32. Проектот е завршен, но ЕЦС е перманентно вклучен во поголем број на активности околу одржувањето на опремата.

Универзитет  “Гоце Делчев” – Штип

Во рамките на проектот за изградба на нова мрежна структура за потребите на новоформираниот Универзитет “Гоце Делчев” во Штип, во 2008 година, ЕЦС поптпиша договот за испорака и инсталација на пасивна мрежна опрема со која се овозможи поврзување на 14-те факултети и 4-те институти во рамките на Универзитетот. Проектот се состои од испорака, инсталирање и каблирање на пасивната мрежна опрема која се состои од R&M кабли, Lеgrand канали, пропратни приклучоци, елементи и продукти за истата. Проектот е финансиран од страна на Буџет на РМ, и истиот е завршен во јули 2008-ма година.

Капитал банка АД Скопје, Република Македонија

Во 2008 година ЕЦС ја започна соработката со Капитал банка, за која ја испорача компјутерско-комуникационата опрема за потребите на core банкарскиот систем. Опремата вклучува сервери (5 х HP ProLiant DL360 Generation 5 сервери), rack со придружна опрема, уреди за непрекинато напојување, 35 десктоп и преносни компјутери, Microsoft лиценци, мрежна опрема (Cisco 2821 и Cisco 1841 router-и) и др. Покрај испораката и инсталацијата, ЕЦС врши и одржување, имајќи ги предвид потребите од висока расположливост на оваа опрема за непреченото функционирање на банката.
Соработката со Капитал банка продолжува и во 2009-та година, со дополнителни испораки на сервери и друга опрема потребна за извршување на останатите функции на банката (3 х HP ProLiant DL180 Generation 5 сервери, 16 десктоп и преносни компјутери, Microsoft лиценци и др.)
 

Прокредит банка АД Скопје, Република Македонија

Во текот на 2008 година и Прокредит банка се вброи во корисниците на ЕЦС,  најпрво преку испорака на 1000 Aladdin e-token-и – уреди за цврста автентикација (strong authentication), а потоа и со испорака на серверска (2 х HP ProLiant DL320 сервери) и друга опрема за потребите на филијалите на банката.

Агенција за вработување на Република Македонија

Во средината на 2008-ма година ЕЦС беше одбран од страна на Европската агенција за реконструкција за реализација на проектот на Информациониот систем на Агенцијата за вработување на РМ. Проектот опфаќа испорака, инсталација и конфигурација на серверска опрема (12хHP DL360R05 сервери), 2 rack-а со придружна опрема, 2 storage-а HP 2012fc DC Modular Smart Array, 2 HP StorageWorks 4/8 SAN Switch–а,  2 уреда за непрекинато напојување, Cisco ASA 5510, Microsoft Windows Server, SQL, Exchange и ISA, Veritas Backup Exec, Sophos антивирусен софтвер и др.  Проектот е завршен на почетокот на 2009-та година.
 

Генерален Секретаријат на Влада на Република Македонија

На текот на 2008 година, ЕЦС потпиша договор за испорака, инсталација и конфигурација на информатичка опрема за потребите на Генералниот Секретаријат на Владата на Република Македонија. Овој проект опфаќа испорака на 60 деcктоп компјутери (HP Compaq dx2400), 45 принтери (вклучувајќи скенери и мултифункциски уреди), 8 сервери (HP DL380G5) и HP Storage (MSA2000), вградени во rack. Вредноста на проектот изнесува 75,000€, и истиот е комплетиран во септември 2008-ма година.
Кон крајот на годината извршено е и проширување на системот со дополнителни модули за надградба на storage системот, уреди за непрекинато напојување и др.

Секретаријат за Европски прашања на Република Македонија

Во декември 2008-ма година ЕЦС потпиша договор за испорака, инсталација, конфигурација и поддршка на серверска опрема за ИС за Интегрирано гранично управување. Системот за ИГУ ги опфаќа Националниот координативен центар за гранично управување и 12 државни институции (Министерството за внатрешни работи, Министерството за финансии – Царинска управа, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за здравство, Министерството за транспорт и врски, Министерството за надворешни работи, Министерството за одбрана, Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за локална самоуправа, Дирекцијата за радијациона сигурност, Дирекција за заштита на лични податоци, Дирекција за безбедност на класифицирани информации) кои учествуваат во надзорот над законитоста на влезот и излезот на лица, стоки и превозни средства, спречувањето и откривањето на организираниот криминал, спречувањето на лица и сторители на кривични дела и сите видови на шверц преку граничните премини, контролата и спречувањето на пренесување на материи и заразни болести што ги загрозуваат луѓето и стоките. Опремата за ИГУ опфаќа 33 HP DL380R05 сервери, 13 rack-ови и придружна опрема, 13 UPS-и, HP EVA4400 Dual Controller Array надворешен storage, HP StorageWorks 4/8 SAN Switch, Microsoft лиценци, Veritas софтвер и др. Реализацијата на проектот е  комплетирана во текот на февруари 2009-та година.

 

 

ORACLE University Образование во Македонија

Согласно со ORACLE Partnernetwork Education Distribution Agreement, АД ЕуроКомпјутер Системс – ЕЦС е единствената компанија овластена за нудење на образование од портфолиото на Oracle University на територијата на Република Македонија. 

Специјализиран софтверски систем за царинско работење

Во 2009-та година ЕЦС потпиша договор за испорака и инсталација на специјализиран софтверски систем за царинско работење целосно интегриран во Европскиот царински систем, компатибилен со Европските директиви и во согласност со развојот на предвидените нови функции: Summary Declarations, Customs Declarations, Customs Input and Access, Tariff, Risk Assessment, Revenue Collection and Accounting, Management Information, Systems and Reporting, Interfaces with External Systems.